Vrabotuvanje.com - Како Германците прават варено вино: Најубавиот пијалак за студените денови со додавање на цитрус и ароматични зачини
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како Германците прават варено вино: Најубавиот пијалак за студените денови со додавање на цитрус и ароматични зачини

Вареното вино е една од првите асоцијации на пријатна атмосфера во зимските денови. Со помош на неколку трикови можете да го добиете совршениот вкус.

Како Германците прават варено вино: Најубавиот пијалак за студените денови со додавање на цитрус и ароматични зачини

За денес ви препорачуваме варено вино по германски рецепт, со додаток на портокал. Се додаваат и ароматични зачини како каранфилче, цимет и анасон.

Потребни состојки

  • 1 шише црвено вино;
  • 2 лажици рум;
  • 2 портокали исечени на парчиња;
  • Сок од 2 портокали;
  • 5 цветови од каранфилче:
  • 2 стапчиња цимет;
  • 2 ѕвездички анасон;
  • ½ кафеав шеќер.

Подготовка

Во тенџере истурете црвено вино, рум, додадете ги парчињата портокал, сокот од портокал, па зачините – цимет, цветови од каранфилче, анасон и кафеавиот шеќер. Добро измешајте, па загрејте ги сите состојки на тивок оган. Вареното вино процедете го, па послужете го топло.

На здравје!

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more