Vrabotuvanje.com - Осум лесни начини да привлечете љубов и среќа за дочекот: Мали ритуали покрај со кои се верува дека Новата година ќе ви биде најдобра досега
Share
Tweet
Share
Send to friend

Осум лесни начини да привлечете љубов и среќа за дочекот: Мали ритуали покрај со кои се верува дека Новата година ќе ви биде најдобра досега

Со позитивни мисли и дела привлечете љубов и среќа за дочекот на Новата година. Можеби овие постапки би ги етикетирале како суеверија, но всушност тоа се само дел од начините како би се отвориле за љубов и нови искуства, објаснуваат на порталот „Curbly“.

Осум лесни начини да привлечете љубов и среќа за дочекот: Мали ритуали покрај со кои се верува дека Новата година ќе ви биде најдобра досега

Осум начини за привлекување на љубов и среќа во претстојната 2024 година:

1. Бакнежот на полноќ ќе ја осигури наклонетоста на спротивниот пол, па затоа се препорачува да бакнете машка личност доколку сте женско, како би повикале добри вибрации. Бакнежот во образ е доволен. Доколку не го направите тоа, би можеле да „ризикувате“ да oстанете без партнер во следната година.

2. Танцувањето за денот на дочекот на новогодишната ноќ ќе ви донесе љубов и ќе ви помогне да постигнете просперитет.

3. Доколку сте тажни и на денот на дочекот, не плачете. Тоа може да предизвика да бидете тажни и следната година.

4. Обидете се да не скршите ништо. Тоа е како да сте скршиле огледало и носи лоша среќа.

5. Погрижете се вашите плакари да бидат полни и во паричниците да има нешто пари за Новата година. Доколку го направите ова, просперитетот е загарантиран.

6. Платете ги сметките пред 1 јануари, бидејќи годината што доаѓа не треба да започне со долгови, а тоа ќе ви овозможи да дојдат подобри финансии. Спротивно на тоа, не позајмувајте пари ниту пак отплаќајте заеми, бидејќи ќе ги отплатувате во остатокот од целата година. Истото важи и за губењето на вредни предмети, како накит – доколку ја напуштат куќата тоа може да донесе лоша среќа.

7. Првата личност која ќе влезе во вашиот дом на полноќ за новогодишната ноќ во голема мера ќе влијае на вашиот живот во наредната година.

8. Не фрлајте ништо на првиот ден од новата година.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more