Vrabotuvanje.com - Студот може позитивно да влијае на телото
Share
Tweet
Share
Send to friend

Студот може позитивно да влијае на телото

Студот може позитивно да влијае на телото

Иако не звучи толку пријатно, експертите инсистираат на тоа дека студот е многу корисен за нашето здравје. Децениските истражувања ја поврзуваат изложеноста на студ, без разлика дали тоа е туширање, капење или трчање на отворено во текот на зимата, со безброј придобивки.

Ова, пишува „Daily Mail“, се само некои од клучните придобивки од изложувањето на студ:

Го подобрува имунолошкиот систем: ги стимулира леукоцитите, белите крвни зрнца, кои помагаат во борбата против инфекциите.

Помага при слабеење: може да го стимулира процесот на термогенеза, кога телото согорува калории за да произведе топлина.

Го намалува ризикот од депресија: може да го подобри расположението и да ги намали симптомите на депресија, благодарение на ослободувањето на невротрансмитери како што се норадреналин и допамин.

Го намалува стресот: Го намалува нивото на стрес, го подобрува расположението и ја зголемува способноста на телото да се прилагоди на различни видови на стрес.

Ја подобрува кондицијата: вежбањето на студ може да го зголеми согорувањето на калориите и да ја зголеми издржливоста.

Го подобрува сексуалниот живот: Го зголемува нивото на тестостерон и естроген, што може да го подобри сексуалниот нагон, пишува „Daily Mail“.

Без разлика на придобивките, пристапот кон студот мора да биде постепен.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more