Vrabotuvanje.com - ЗА НОВА ГОДИНА ГИ ДИГНАЛЕ ЦЕНИТЕ ЗА ПЕТ ПАТИ! Српските планини се пресолени за љубителите на снегот
Share
Tweet
Share
Send to friend

ЗА НОВА ГОДИНА ГИ ДИГНАЛЕ ЦЕНИТЕ ЗА ПЕТ ПАТИ! Српските планини се пресолени за љубителите на снегот

Цените за сместување на Златибор, како и на другите српски популарни планини, традиционално се зголемуваат од сезона во сезона, особено ако се земе предвид се помасовната градба и атрактивната понуда. Изникнуваат нови хотелски комплекси, како и нови станови, додека дел од нацијата реши да купи/изгради сопствен недвижен имот дури и во периодот на пандемијата.

ЗА НОВА ГОДИНА ГИ ДИГНАЛЕ ЦЕНИТЕ ЗА ПЕТ ПАТИ! Српските планини се пресолени за љубителите на снегот

Факт е дека се поголем број Македонци сакаат зимскиот период да го поминат на некоја од планините во Србија, но веќе место нема ниту за лек.

Цените и понудите скокаат не само во овој дел на западна Србија, туку и во Копаоник, Стара планина, Дивчибари и други планински дестинации, особено во „пикот“ на сезоната: Божиќ и Нова Година, односно Велигденските празници и 1 мај. .

Неодамна нè контактираше читателката Тања (60) од Белград, која вели дека збеснала кога видела до каде отишла „дрскоста“ на сопственик на стан на Златибор.

- Разбирам дека ги покачуваат цените за сместување, сите би, но очекував дека ноќевање ќе чини двојно повеќе во периодот од 29 декември 30 до првите денови на јануари... Сепак, цената е пет пати повисока! Кога ги внесов посакуваните термини, во средината на месецот сеуште може да се најде сместување/четири ноќевања за 100 или 120 евра, но се после тоа е околу 50.000, 60.000 динари, односно 500 евра. Нечуено! -  вели Тања за српски Телеград.

Кога баравме сместување на Booking, за двајца возрасни во периодот од 29 декември 2023 до 02 јануари 2024 година, цените одат и до 147.000 динари за четири ноќевања во дадениот период. Воедно, ова е намалена цена од редовните 180.000 српски динари.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more