Vrabotuvanje.com - Календарски почна зима - Денешниот ден најкраток, а ноќта најдолга
Share
Tweet
Share
Send to friend

Календарски почна зима - Денешниот ден најкраток, а ноќта најдолга

Зимата во државава и на северната хемисфера на Земјата календарски почна рано утрово во 4 часот и 27 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Календарски почна зима - Денешниот ден најкраток, а ноќта најдолга

Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократка, а деновите подолги.

Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Петок, 22 декември, е 358-миот ден во 2023 година. До крајот на годината остануваат уште девет дена.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 39 минути, до 20 март 2024 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Извор: gostivarpress.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more