Vrabotuvanje.com - Студентите да се пријават за ваучер за превоз од 600 до 1.200 денари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Студентите да се пријават за ваучер за превоз од 600 до 1.200 денари

Во тек е пријавувањето за финансиската поддршка за превоз на студентите која владата ја обезбеди со новиот пакет антикризни мерки. Со мерката 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно.

Студентите да се пријават за ваучер за превоз од 600 до 1.200 денари

- Им помагаме и го унапредуваме стандардот на студентите од семејства со месечни примања до 50.000 денари.Рокот за аплицирањето е продолжен и трае до понеделник, 25 декември. Ги повикуваме студентите да се пријават само преку електронскиот портал на Mинистерството за образование.Студентите е потребно да прикачат само неколку документи како доказ дека се студенти, трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.Може да биде фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб-страницата на превозникот.

СДСМ се грижи за студентскиот стандард на младите а со новиот финансиски пакет  ги поддржуваме и учениците.До 10.800 денари добиваат учениците од средно до крајот на школската година, и до 7.200 денари  по ученик добиваат учениците од основно, стои во соопштението од СДСМ.

Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more