Vrabotuvanje.com - Продолжување на мерката „гарантираната цена“ до крајот на јануари 2024 година
Share
Tweet
Share
Send to friend

Продолжување на мерката „гарантираната цена“ до крајот на јануари 2024 година

Министерот за економија, во интервју за ТВ 24 најави продолжување на гарантираните цени на одредени производи за уште еден месец. Мерката беше предвидено да заврши со крајот на 2023 година, но, министерот кажа дека замрзнатите цени ќе се практикуваат се додека не биде донесен Законот за нефер трговски практики.

Продолжување на мерката „гарантираната цена“ до крајот на јануари 2024 година

Министерот вели дека овој закон е со европско знаменце и очекува дека постапката во Собранието ќе оди побрзо.

„Денеска ќе имаме средба на која најверојатно ќе усвоиме продолжување на замрзнувањето на цените, односно оние замрзнати цени, а тоа ќе трае се до донесувањето на Законот за нефер трговски практики. Конечната одлука за загарантираните цени ја носи Владата по предлог на Министерството за економија, вели министерот. Конечната одлука за загарантираните цени ја носи Владата по предлог на Министерството за економија, вели Бектеши.

Според министерот за економија, за време на кризата, најголема добивка имаа трговците на мало со неправедно зголемување на цените кои граѓаните со ниски приходи не можеа да ги покријат.

Освен продолжување на мерката за гарантираните цени, Бектеши најави и нови мерки за граѓаните, а особено за студентите.

Извор: slobodnaevropa.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more