Vrabotuvanje.com - Објавена мапа на најризични земји за патување во 2024 година – каква е состојбата со Македонија?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Објавена мапа на најризични земји за патување во 2024 година – каква е состојбата со Македонија?

„International SOS“ објави мапа на најризични земји за патување во 2024 година. Оваа мапа е изработена според ризиците од криминал, потоа општествени и политички немири, а годинава меѓу ризиците сместено е и влијанието на климатските промени на туристите.

Објавена мапа на најризични земји за патување во 2024 година – каква е состојбата со Македонија?

Украина, Јужен Судан, Либија, Сирија, Ирак, Јемен, Авганистан, Централноафриканска Република и Сомалија се означени како земји со екстремен ризик.

Финска, Швајцарија, Луксембург, Словенија, Данска и Норвешка имаат безначаен безбедносен ризик, па тие се идеални дестинации за патување.

Кога станува збор за Македонија, и таа е означена како земја со ниско ниво на ризик за патување, баш како и поголем дел од државите во Европа.

„International SOS“ тврди дека Израел и појасот Газа се меѓу земјите со среден ризик, што е поприлично чуден податок со оглед на моменталната ситуација таму.

Мали, Буркина Фасо, Нигерија, Судан, Етиопија и Пакистан спаѓаат меѓу државите со зголемен безбедносен ризик.

Комплетната мапа на држави може да ја погледнете ТУКА.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more