Vrabotuvanje.com - Доктор открива: Дали е подобро да се туширате наутро или навечер?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Доктор открива: Дали е подобро да се туширате наутро или навечер?

Доктор открива: Дали е подобро да се туширате наутро или навечер?

Во тек се дебатите за тоа дали е подобро да се туширате наутро или навечер. Околу две третини од луѓето се тушираат секој ден, но сè уште нема вистински одговор на прашањето дали е подобро да се туширате наутро или навечер.

Доктор Џејсон Синг објави видео во кое тврди дека вечерното туширање сепак е подобро, бидејќи го подобрува квалитетот на сонот и ја хидрира сувата кожа.

„Има повеќе придобивки од туширањето во вечерните часови. Утринскиот туш има само една предност, а тоа е што поттикнува подобра хигиена“, вели тој.

Лекарот објаснил дека топол туш го стимулира ослободувањето на мелатонин, хормонот кој му кажува на телото дека е време за спиење. Ова е докажано со мета-анализа на 17 студии од 2019-та година.

„Ноќното туширање помага да се измие дневната нечистотија. Наутро не сме толку испотени и немаме непријатен мирис“, вели д-р Синг.

Оние со сува кожа или состојби како акни и егзема, исто така, можат да имаат корист од вечерното туширање. Д-р Синг вели дека туширањето во вечерните часови може подобро да ја хидрира нашата кожа.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more