Vrabotuvanje.com - Ова се најпопуларните дестинации: Еве каде нашите граѓани ќе ја дочекаат новата година
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ова се најпопуларните дестинации: Еве каде нашите граѓани ќе ја дочекаат новата година

Ова се најпопуларните дестинации: Еве каде нашите граѓани ќе ја дочекаат новата година

Агенциите што ги контактираше МИА велат дека и покрај поскапувањето на цените на понудите за патување во однос на лани, од околу 10 отсто, сепак има голема заинтересираност.

Од пакет – ангажманите со автобуски превоз најголема заинтересираност има за Истанбул, како и за понудите за Италија, а продавани се и аранжманите за градовите каде што се актуелни Божиќните маркети, како што се Букурешт, Виена и Будимпешта.

Новогодишните ангажмани, како што посочуваат туристичките агенции во изјава за МИА, не го вклучуваат дочекот на Новата година во цената, односно тој се доплаќа и е различен во однос на дестинацијата.

Агенциите најчесто нудат дочек на Нова година на плоштадите во големите градови, додека пак за Белград и за Истанбул имаат понуди за забави, а за Истанбул има и понуда за дочек на брод со вклучени храна и пијалоци.

Оние што планираат да останат во земјава, имаат можност за дневни забави кои се поактуелни, додека за дочекот на Нова година во рестораните и кафулиња, во зависност од понудата, цените по лице се движат од 2.000 денари нагоре, а има и такви чии понуди се повисоки и од 6.000 денари. 

извор: vesnik.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more