Vrabotuvanje.com - Овој пијалок ќе ви даде енергија за време на празниците
Share
Tweet
Share
Send to friend

Овој пијалок ќе ви даде енергија за време на празниците

Овој пијалок ќе ви даде енергија за време на празниците

Освен радост и семејни дружења, божиќните празници носат и тешка храна и многу калории. Ова е често причината поради која често се чувствуваме тешки, троми и уморни по нив.

Масната храна нè прави бавни, а варењето и метаболизмот работат побавно. За да избегнете замор, испробајте го овој трик за детоксикација со сокови.

Сокот кој е богат со влакна и храна која го прочистува телото може да ве освежи и да ве поттикне да се движите. Ви пренесуваме едноставен рецепт кој ќе го олесни периодот околу празниците, пишува „Chatelaine“.

Состојки: 2 чаши кељ, 2 чаши спанаќ, 1/3 краставица, ½ јаболко, мало парче ѓумбир, 1 замрзната банана, сок од ½ лимон, 3 чаши вода.

Подготовка: Јаболкото, краставицата и ѓумбирот исечкајте ги на ситни парчиња кои полесно ќе се сомелат во соковник, па додајте ги сите останати состојки. Ако сокот е премногу горчлив, можете да додадете малку мед за да го засладите.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more