Vrabotuvanje.com - АКО ПАТУВАТЕ ВО СРБИЈА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ - ЌЕ „ФРЧАТ“ КАЗНИ: Износите се прилично „солени“, одат и до илјада евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

АКО ПАТУВАТЕ ВО СРБИЈА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ - ЌЕ „ФРЧАТ“ КАЗНИ: Износите се прилично „солени“, одат и до илјада евра

АКО ПАТУВАТЕ ВО СРБИЈА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ - ЌЕ „ФРЧАТ“ КАЗНИ: Износите се прилично „солени“, одат и до илјада евра

Овој период од годината Македонците честопати патуваат во соседна Србија на скијање. Меѓутоа, многу е важно возачите да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот бидејќи српската полиција е немилосрдна. Кои се казните за брзо возење?

Во зависност од тоа каде се врши пребрзо возење, казните може да чинат од 3.000 (1.500 денари) до 120.000 динари (60.000 денари). Исто така, за некои прекршоци следува и затворска казна до 60 дена.

Покрај парична и затворска казна, може да добиете и заштитна мерка забрана за возење до 12 месеци.

За забрзување до 10 km/h следува казна од 3.000 динари (1.500 денари), додека за надминување од 11-20 km/h казната е од 5.000 до 10.000 динари (од 2.500 до 5.000 денари).

Надминување на брзината од 21 км/ч на 50 км/ч значи казна од 6.000 до 20.000 (3.000 до 10.000 денари) динари и 30-дневна забрана за возење.

За пречекорување на брзината од 51 до 70 км/ч, казната е од 15.000 до 30.000 (7.500 до 15.000 денари)динари,  и најмалку 4 месеци забрана за возење.

Доколку ограничувањето на брзината надмине 70 км/ч, тој чин се смета за насилно возење и следува 15 дена затвор или од 100.000 до 120.000 динари, (50.000 до 60.000 денари)  и најмалку 8 месеци забрана за возење.

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more