Vrabotuvanje.com - Ве запознаваме со тимот на ЕПТ лидери во КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ве запознаваме со тимот на ЕПТ лидери во КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ

Ве запознаваме со тимот на ЕПТ лидери во КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ

Филозофијата според која се води оваа компанија е: само среќен и мотивиран вработен може да создаде успешна компанија која брзо ќе се истакне од конкуренцијата и ќе постигне надпросечни резултати. Погодувате, зборуваме за КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ, компанија која знае дека вработените се клучна алка во производствениот процес.

Од блиску се запознавме со нивниот тим на ЕПТ лидери, млади, ведри и енергични лица, полни со ентузијазам и позитивна енергија која се чувствува во целата компанија. Еве како изгледа еден нивен работен ден:

Тимот на ЕПТ лидери: 
Христина Атанасовска
Дарко Мицков 
Стефаниа Николов 
Викторија Масалковска
Наташа Димовска


 
За што служи ЕПТ масата?

Христина Атанасовска: Електронска и вакумска проверка на кабелскиот сноб со што ја тестираме исправноста на кабелот.

Кои се дневните обврски на ЕПТ тимот?
Наташа Димовска: Во текот на денот проверуваме 40 кабли тие што се во ред што се исправни ги праќаме на понатамошни процеси и стигнуваат на пакување, а останатите кои не се во ред се испраќаат на репаратура. 

Како е да се биде дел од КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ?
Стефаниа Николов: Во моите две години добро е што компанијата има целосна доверба во мене, а и јас во неа и добро е кога работата те исполнува целосно.

Што нуди КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ?
Викторија Масалковска: Во оваа една година во фабриката сум сведок на многу унапредувања награди и одлични моменти.



​Каква порака би им пренеле на идните вработени?
Христина Атанасовска: За секој нов вработен следува соодветна обука, верувајте многу е добро чувството кога се работи помеѓу толку прекрасни и многубројни луѓе.

Колку често се дружите надвор од работното време?
Наташа Димовска: Нашиот тим го сочинуваат околу 50 луѓе, кај нас секојдневно владее пријатна атмосфера и сите заедно успеваме да најдиме слободно време да пиеме кафе, да се дружиме и да зборуваме за нашите работни активност и обврски и тоа како ни поминал денот.

Христина Атанасовска: Често знаеме сите меѓу себе да си прославиме роденден на секоја колешка и колега, почесто си излегуваме кога ќе сме слободни, излегуваме и за викенд се дружиме меѓусебе.

Ние сме дел од големото КРОШУ семејство!

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more