Vrabotuvanje.com - Пристигна „вистинската“ зима, во Шведска е забележана рекордна температура од -43,6 степени
Share
Tweet
Share
Send to friend

Пристигна „вистинската“ зима, во Шведска е забележана рекордна температура од -43,6 степени

Вчера Шведска ја забележа најстудената јануарска ноќ во последните 25 години, со отчитување од -43,6 степени Целзиусови на северот на земјата.

Пристигна „вистинската“ зима, во Шведска е забележана рекордна температура од -43,6 степени

Шведска е покриена со снег, а слична е ситуацијата и во соседна Финска.

Екстремно ниските температури, снегот и силните ветрови го попречија транспортот низ нордискиот регион, со затворени неколку мостови, а прекинати некои железнички и фериботски услуги. Неколку училишта во Скандинавија беа затворени.

Sweden sees coldest weather in 25 years | The Peninsula Qatar

Полицијата низ поголемиот дел од Данска ги повика возачите да избегнуваат непотребни патувања бидејќи ветерот и снегот ги погодуваат северните и западните делови на земјата.

Бран студен воздух од Сибир и арктичкиот регион ја зафати и западна Русија, а температурите во Москва и другите области паднаа на -30 степени Целзиусови, што е значително под просечната температура за почетокот на јануари.

Извор: opserver.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more