Vrabotuvanje.com - Кафето и чорбата станаа луксуз – угостителските услуги драстично поскапеле изминатата година
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кафето и чорбата станаа луксуз – угостителските услуги драстично поскапеле изминатата година

За само една година цените на угостителските услуги во земјава поскапеле за дури 10 отсто.

Кафето и чорбата станаа луксуз – угостителските услуги драстично поскапеле изминатата година

Процентот на поскапување се разбира е драстично поголем доколку се споредат 2019 и 2023 година, односно периодот пред корона кризата и после неа.

Заводотот за статистика пресметал дека услугите во угостителската дејност рипнале за 9,8 отсто во 2023 во споредба со 2022.

Граѓаните на социјаллните мрежи коментираат дека во Скопје едно кафе чини над 100 денари, а некаде достигнува и до 150 денари, а чорба нема под 200 денари. Обична или кисела вода од 0,33 мл се продава меѓу 90 и 100 денари, додека онаа 0,750 е од 150 до 180 денари во зависност од локалот. Овие цени се идентични, а за некои артикли и поскапи од оние во Хрватска, Италија или пак популарните туристички дестинации во Грција.

Извор: centar.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more