Само за една година, 12.200 градежни работници заминале од земјава, а слична е состојбата и во секторите угостителството и туризам. Експертите велат дека ова е загрижувачки податок, со оглед на фактот што токму лани беше постигнат договор за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор. Според нив, платите треба да продолжат да растат, оти зголемувањето на цените на храната веќе го изеде последното зголемување од 10 отсто. Освен минималната, потребно е зголемување и на останатите плати во приватниот и во јавниот сектор
Работодавците велат дека недостигаат огромен број работници од разни струки. Тие предупредуваат дека веднаш треба да се преземат реформи за создавање поплатени работни места, зголемување на платите, подобар животен стандард… за да се спречи егзодусот на работна сила и за да функционира бизнисот.
– Кога ќе се средат проблемите кај нас и кога нема толку да заостануваме од европскиот просек на плати, се надеваме дека трендот на иселување на работната сила ќе запре. Инаку, факт е дека во државата недостигаат огромен број работници од разни квалификации. Ако имаме ние стабилна политичка ситуација, добра економија и европски плати, секако дека процесот на иселување ќе запре. Меѓутоа, од нас зависи колку брзо ќе ги направиме реформите, кои не треба да ги правиме само за влез во ЕУ туку и за да ги средиме работите во државата – вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија.
We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more