Vrabotuvanje.com - Жителите на Македонија со најмал просечен IQ од земјите во екс Југославија – само 81.9, додека најпаметни се Словенците!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Жителите на Македонија со најмал просечен IQ од земјите во екс Југославија – само 81.9, додека најпаметни се Словенците!

Веб-страницата World Population Review неодамна објави мапа на Европа според просечниот коефициент на интелигенција.

Жителите на Македонија со најмал просечен IQ од земјите во екс Југославија – само 81.9, додека најпаметни се Словенците!

На врвот на оваа листа се Јапонците – нивниот просечен индекс на интелигенција е 106,48. Следуваат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,1), Јужна Кореја (102,35), Белорусија (101,6), Финска (101,2), Лихтенштајн (101,07), Германија (100,7).

Најнизок коефициент на интелигенција е забележан во Нигерија (67,8). Пред неа се Етиопија (68,4), Бангладеш (74,3), Кенија (75,2), Индија (76,2)…

Во Македонија просечниот IQ е 81,91, додека во Словенија е со 98,6, додека пак Хрватска има просечен коефициент на интелигенција од 95,75, во Србија просечниот коефициент на интелигенција е 89,6, а Босна и Херцеговина 88,54 и Црна Гора 85,78.

Индексот на интелигенција го претставува вкупниот резултат добиен од стандардизирани тестови или поттестови дизајнирани да ја проценат човечката интелигенција. Во овој случај, поттестовите вклучуваат оценување на знаењата од математиката и природните науки, како и читање. Целосната мапа можете да ја видите овде.

Извор: centar.mk

 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more