Vrabotuvanje.com - Личните карти ќе важат и по истекот на рокот, за пасошите се бара решение
Share
Tweet
Share
Send to friend

Личните карти ќе важат и по истекот на рокот, за пасошите се бара решение

Личните карти ќе важат и по истекот на рокот, за пасошите се бара решение

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, изјави дека личните карти, кои се за внатрешна употреба, ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а за пасошите ќе се разгледаат сите опции.

„Ќе ги испитаме сите опции со цел, ако има потреба, да се направи пролонгирање во делот на пасошите бидејќи тие им служат за граѓаните да може да патуваат надвор од земјата“, рече Ковачевски.

Вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено еден милион и двесте пасоши во државата.

Извор: skopjeinfo.mk

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more