Vrabotuvanje.com - За плукање во овој италијански град може да бидете казнети и до 200 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

За плукање во овој италијански град може да бидете казнети и до 200 евра

Во италијанскиот град Монфалконе посебно внимание се посветува на одржување на чистотата на градот. Казните за плукање на земја сега ќе бидат и до 200 евра.

За плукање во овој италијански град може да бидете казнети и до 200 евра

Градоначалничката Ана Марија Сисинт, како дел од новата уредба за чистота и пристојност, предвидува казни од 30 до 200 евра за сите што ќе бидат фатени како плука на јавни површини. Со ова продолжува воведувањето мерки кои треба да обезбедат почист град, пренесуваат италијанските медиуми.

Градот минатата година веќе воведе забрана за фрлање цигари на улица, за што е предвидена казна до 120 евра.

Вкупно 16 лица лани беа казнети затоа што и покрај забраната фрлиле остатоци од испушени цигари на земја.

Извор: mk.tv21.tv

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more