Vrabotuvanje.com - Повик до сите кои сакаат работа во Хрватска: Дојдете во Скопје на 30 јануари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Повик до сите кои сакаат работа во Хрватска: Дојдете во Скопје на 30 јануари

Тимот на Јадрански Луксузни Хотели ве поканува на отворен ден во Скопје

Повик до сите кои сакаат работа во Хрватска: Дојдете во Скопје на 30 јануари

Со задоволство ве покануваме да станете дел од тимот и да ни се придружите во преубавата Хрватска.

Јадрански луксузни хотели од Дубровник ги покануваат сите заинтересирани за сезонска работа.

Хотелите на Јадрански Луксузни Хотели претставуваат едни од најпрестижните и најпосакуваните туристички дестинации од целиот свет, како за туристите, така и за сите оние кои бараат работа.

Тимот на Јадрански Луксузни Хотели организира отворен ден во Скопје и ги поканува сите кандидати од Македонија кои се заинтересирани за сезонска работа во нивните хотели во Дубровник, Хрватска.

Сѐ што се бара од кандидатите е волја за работа на Јадранското крајбрежје, а пожелно е на отворениот ден со себе да имаат и своја биографија (CV). Сите заинтересирани кандидати ќе имаат можност да се информираат за сѐ што ги интересира директно од работодавачот.

Ве покануваме да дојдете лично на презентацијата на ALH и на интервју на 30 јануари 2024 година. Во Скопје - хотел Парк (ул. 1732, број 4) во 10 часот.

За сезона 2024 бараме повеќе кандидати за работа на следните позиции:

  • КЕЛНЕР (м/ж) – повеќе извршители
  • БАРМЕН (м/ж) – повеќе извршители
  • СОБАРКИ (м/ж) – повеќе извршители
  • ХИГИЕНИЧАРИ (м/ж) – повеќе извршители
  • РАБОТНИК НА ПЛАЖА (м/ж) – повеќе извршители
  • ПОМОШЕН РАБОТНИК ВО КУЈНА (м/ж) - повеќе извршители
  • РАБОТНИК ВО ДОМАЌИНСТВО (м/ж)
  • КУВАР (м/ж) – повеќе извршители
  • СЛАТКАР (м/ж) – повеќе извршители
  • СЕРТИФИЦИРАН СПАСИТЕЛ м/ж) – повеќе извршители
  • СУПЕРВИЗОРИ (м/ж) – повеќе извршители

Потребни знаења/вештини:

  • ССС
  • пожелно е работно искуство
  • познавање на англиски јазик

image preview

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more