Vrabotuvanje.com - НЕ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА ЗА НОЕМВРИ: Во ваква ситуација се 15.548 работници
Share
Tweet
Share
Send to friend

НЕ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА ЗА НОЕМВРИ: Во ваква ситуација се 15.548 работници

Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници.

НЕ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА ЗА НОЕМВРИ: Во ваква ситуација се 15.548 работници

Податоците заклучно со 11-ти јануари, покажуваат дека плата за ланскиот ноември чекаат 15.548 вработени. Управата за јавни приходи(УЈП) нформира дека од нив, за 7.713 вработени имало направено пресметка, но не и исплата на плата. Од друга страна, 5.376 работодавачи воопшто не ни направиле пресметка за 7.835 вработени. Во ноември, обврзници за исплата на плати биле 70.349 работодавачи за 556.332 вработени.

Претходно беше најавено дека во иднина ќе се стави одредба во Законот за даночна постапка со која ќе може да се објават јавно оние компании што не им исплаќаат плати на своите вработени. 

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more