Vrabotuvanje.com - Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари

Народната банка денеска соопшти дека во текот на минатата година од страна на експерти за брзо воочување на сомнителни примероци на пари обучени се над 200 вработени во деловните банки и во институциите во системот за справување со фалсификување пари.

Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари

Најважната алка во синџирот на справување со фалсификувањето на парите се лицата кои вршејќи ја својата професионална дејност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите. Оттука, со зајакнувањето на капацитетите на сите засегнати ракувачи со готовина се обезбедува брзо воочување на сомнителните примероци, нивно отстранување од оптек и доставување во Народната банка, се наведува во соопштението.

Од централната банка посочуваат дека низ годините, експертите од Народната банка организираат редовни задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути, за вработените во финансиските институции, односно во банките и центрите за готовина.

Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари

Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка, како што се наведува во соопштението, ги проширила обуките опфаќајќи и претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција.

Како единствена овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари и во странски валути, централната банка врши и експертска анализа и обезбедува соодветна поддршка во процесот на справување со фалсификатите. Во изминатиов период, засилено се вршеше и навремена размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари, се вели во соопштението.

Извор: republika.mk 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more