Vrabotuvanje.com - Стотици летови откажани низ Германија поради снег и замрзнат дожд
Share
Tweet
Share
Send to friend

Стотици летови откажани низ Германија поради снег и замрзнат дожд

Обилните снежни врнежи и замрзнат дожд низ Германија доведоа до откажување на стотици летови и возови, несреќи на замрзнатите патишта и затворање на училиштата.

Стотици летови откажани низ Германија поради снег и замрзнат дожд

Над 500 пристигнувања и полетувања се откажани на аеродромот во Франкфурт, најголемиот во Германија, а повеќе од 250 во Минхен. Доцнење и откажување летови имаше и на аеродромите во Дизелдорф, Келн и Бон.

На запад од земјата, аеродромот во Сарбрикен е целосно затворен.

Националниот железнички оператор Deutsche Bahn откажа неколку меѓуградски врски и најави дека максималната брзина на брзиот ICE (Intercity Express - ICE) воз ќе биде ограничена на 200 километри на час поради екстремните временски услови.

Утринава имаше многу сообраќајни несреќи на западот и југот од земјава поради голомразица на коловозот.

Како мерка на претпазливост, многу училишта и градинки се затворени, а некои компании им понудија на своите вработени можност да работат од дома.

Германската метеоролошка служба (ДВД) денеска издаде предупредување за тешко време, поради снежното невреме „Гертруда“ и замрзнатиот дожд што зафати повеќе региони во земјата.

Невремето однесе и жртва - 86-годишен маж загина во вторникот вечерта, откако во него удри автомобил додека го чистеше снегот на тротоарот на федералниот пат 109 по стемнувањето, а жената што возеше се здоби со полесни повреди.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more