Vrabotuvanje.com - СОЛЕТА: Квалитетен бренд се гради со задоволни вработени, а еве како е да се биде 30 години дел од тимот
Share
Tweet
Share
Send to friend

СОЛЕТА: Квалитетен бренд се гради со задоволни вработени, а еве како е да се биде 30 години дел од тимот

„Со Солета нема диета“ - безвременски слоган симбол за врвен квалиет во месо-преработувачката индустрија.

СОЛЕТА:  Квалитетен бренд се гради со задоволни вработени, а еве како е да се биде 30 години дел од тимот

Следејќи ги најновите трендови и иновации во својата индустрија, Солета изгради бренд препознатлив по својот квалитет, конзистентност и иновативност на македонскиот пазар. Водени од своите амбиции и волјата за создавање успешен и перспективен бизнис, создадовме оригинални и препознатливи производи, кои станаа синоним за брендот, неуморното работење и постојано вложување.

Производствениот капацитет на Солета се протега на површина од 2500м² каде е организирано производство на сите видови месни производи. Месната индустрија Солета има развиена големопродажна дистрибутивна мрежа, а истовремено, под исти бренд, и сопствен ланец од единаесет  малопродажни објекти и дури 110 вработени.

НОВ АКТИВЕН ОГЛАС ОД СОЛЕТА - бараме ПРОДАВАЧ/КА - АПЛИЦИРАЈ ТУКА!

За квалитетот на нивните производи и услуга нема потреба многу да се дискутира, бидејќи го докажале низ годините успешна работа на пазарот. Нас не интересираше кој стои зад овој бренд и како е да се биде дел од тимот на Солета. И не случајно ги прашавме Јасминка и Мирјана, вработени со 30 и 15 години работен стаж во оваа компанија. Тие само ни потврдија дека квалитетен бренд се гради со задоволни вработени, а еве како е да се биде вработен во Солета.

Јасминка годинава прослави 30 години работен стаж во Солета, има 48 години, а дел од тимот е од 1988 година.

Ја прашавме за нејзиниот прв работен ден:

„Тоа беше во 1988 година, во многу убав дисконт во населба Железара, со одлични услови за работа и работодавчи кои ме дочекаа со насмевка.“

По 30 години поминати во тимот на Солета, Јасминка ни раскажа како е да се биде дел од компанијата:

„Тимот функционира одлично сите овие 30 години. Тоа е благодарение на системот на организација и работа кој е воспоставен уште од првиот работен ден и беспрекорно фукнкционира. Тоа што ме задржа 30 години во Солета е пред се, коректното однесување на работодавачите, навремено исплаќање на личниот доход, почитување на правата на работниците, годишен одмор, работни саати по државни норми, плаќање на прекувремениот и празничен труд.“

НОВ АКТИВЕН ОГЛАС ОД СОЛЕТА - бараме ПРОДАВАЧ/КА - АПЛИЦИРАЈ ТУКА!

За крај, како вработена со најдолг стаж ја прашавме што има да им каже на оние кои сакаат да аплицираат и да станат дел од Солета?

„Ако го почитуваат работното место, ќе им биде возвратено, а доколку работат коректно сигурно ќе бидат соодветно наградени.“

Мирјана Ангелески има 40 години и има 15 години работен стаж во Солета.

„Со насмевка се сеќавам на првиот работен ден тука. Го паметам по тоа што бев топло пречекана од колегите и целиот менаџерски тим. Да се биде дел од тимот на оваа компанија е предизвик и пат по кој чекорат најдобрите трговци во градот. Причината да се задржам во Солета е гарантираната постојаност на тимска работа, разбирање, личен доход и други позитивни карактеристики. Ги охрабрувам сите кои се гледаат во оваа индустрија слободно да аплицираат за работно место во оваа компанија! Сигурна сум дека успешно и трајно ќе го решат својот проблем за основање работен однос во стабилна и успешна компанија како Солета.“

 

Сакаш да станеш дел од Солета?
СОЛЕТА ДОО

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more