Vrabotuvanje.com - Пријавете ја вашата успешна HR пракса и освојте престижна награда!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Пријавете ја вашата успешна HR пракса и освојте престижна награда!

Пријавете ја вашата успешна HR пракса и освојте престижна награда!

Пријавете HR пракса преку која сте овозможиле трајна промена во културата на компанијата, зголемен ангажман на вработените и/или имала значително влијание врз деловниот успех.

За успешно аплицирање имајте предвид дека применетата пракса треба да се спроведе најдоцна до 31 декември 2024 година, а може да се пријават и пракси кои се спровеле или се спроведуваат во последните две години.

Сите пристигнати пријави ќе бидат поделени во две категории: мали/средни компании (до 250 вработени) и големи компании (од 250 и повеќе вработени).

Петте најдобро оценети пракси од секоја категорија (вкупно 10) од стручното жири ќе имаат можност да се претстават пред публиката на HR Days конференцијата, која ќе се одржи на 8 и 9 мај 2024 година во Ровињ.

По презентацијата, публиката ќе ги оценува праксите, а врз основа на целокупната евалуација ќе бидат прогласени трите најдобри пракси за човечки ресурси од секоја категорија.

Рокот за пријава на пракси е 8 март 2024 година.

ПРИЈАВЕТЕ ПРАКСА ТУКА

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more