Vrabotuvanje.com - Како до титулата Најдобар работодавач?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како до титулата Најдобар работодавач?

Како до титулата Најдобар работодавач?

Нема поубава и повердостојна пофалба и признание за еден работодавач, од таа дадена од сопствените вработени. Токму затоа, од 2022 година и официјално Vrabotuvanje.com започна со проверка на пулсот на вработените, преку алатката Pulser.mk - Првата алатка за истражување на задоволството на вработени во Македонија.

Станува збор за анонимно истражување, чии учесници се компании кои доброволно го пријавуваат своето учество, а оценката за задоволство ја даваат вработените во истата компанија.

Компаниите кои во изминатата година постигнаа најдобри резултати во Истражувањето на задоволство на вработени беа прогласени за Најдобри работодавачи, во рамки на свеченото доделување на наградите, кое се одржа во април 2023 година, во организација на Vrabotuvanje.com.

Она што и дава посебна тежина на оваа награда е тоа што ја доделуваме врз основа на оценките на вработените за нивната компанија, а тоа е всушност највредното нешто за employer branding на компаниите - потврдата од нивните вработени дека се најдобри.

РЕТРОСПЕКТИВА: За Најдобри работодавачи беа прогласени:

  1. Еко Логистик
  2. ГрабИТ
  3. Жито Маркети

Компанијата Карго Партнер Логистикс беше прогласена за Најдобар работодавач во категоријата микро компании.

Галерија од манифестацијата „Работодавач на годината“

 

Станете и ВИЕ дел од НАЈДОБРИТЕ! Новиот циклус на Pulser истражувања е веќе во тек. Можеби токму вашата компанија е следниот НАЈДОБАР РАБОТОДАВАЧ!

ПРИЈАВЕТЕ СЕ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more