Vrabotuvanje.com - Отсега ќе се чека со месеци за стоматолошки услуги
Share
Tweet
Share
Send to friend

Отсега ќе се чека со месеци за стоматолошки услуги

Здружението на специјалисти стоматолози извести дека отсега натаму граѓаните за повеќе пари ќе добиваат за половина помалку услуги, односно заедно со зголемувањето на цените на услугите Фондот за здравство им го преполовил бројот на пациентите. Според нив тоа ќе значи подолго чекање додека да добијат услуга.

Отсега ќе се чека со месеци за стоматолошки услуги

- По 16 години преговори помеѓу ФЗО и специјалистите стоматолози конечно на крајот на годината Фондот утврди приближно реална цена на специјалистичките услуги ( протетски, ортодонтски и орално хируршки услуги). Но, бројот на услугите што може една ординација да ги понуди се намали (преполови) за 50%.

Тоа би значело дека докторот специјалист по соодветната специјалност може да пружи половина од услугите за соодветниот месец со што на осигурениците на ФЗО ќе им биде одземено правото навремено да добијат специјалистички стоматолошки услуги. На овој начин пациентите ќе чекаат повеќе месеци за да можат да добијат услуга во специјалистички ординации или ќе мора приватно да ги плаќаат услугите.

Со намалување на бројот на услуги фондот не го реши нашиот 16- годишен проблем бидејќи истата сума пари (буџет) ја издвојува за специјалистичката стоматолошка дејност, а на осигурениците им ги преполови услугите.

Сите овие промени и измени на законот беа донесени три дена пред новата година. Во овој краток период докторите се затекнати и збунети како ова да им го објаснат на своите пациенти и како да постапуваат со нив, стои во соопштението на стоматолозите.

Извор: nezavisen.mk

 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more