Vrabotuvanje.com - Се подготвува закон со кој работниците ќе може да добиваат плата во плик!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Се подготвува закон со кој работниците ќе може да добиваат плата во плик!

Владата подготвува Предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка. Вака гласи законот кој е предложен од страна на Министерството за труд и социјална политика, а за кој синдикалците според информациите на Денар имаат големи забелешки.

Се подготвува закон со кој работниците ќе може да добиваат плата во плик!

Земјоделски дејности, градежен сектор, услужни дејности поврзани со подготовка на храна и сместувачки капацитети се дел од професиите кои ќе бидат опфатени со овој закон. ССМ веќе подготвува реакција бидејќи според информациите тие не се согласуваат со дел од правилата кои ќе важат со овој предлог.

Во Предлог законот до кој дојде Денар се наведува дека со ова решение ќе се уредуваат начинот на работното ангажирање на лица за вршење на работи од повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка, потоа ќе се уредуваат правата и обверските на ангажираното лице и работодавачот начинот и постапката на пријавување и плаќањето на придонесите и даноците.

Според предлагачот, односно Министерството за труд и социјална политика, целта на овој закон е да се уреди работното ангажирање на лица за вршење на работи од привремена и повремена природа за одредени дејности. Предлог Законот предвидува одредени дејности за кои ќе важи ова решение, односно тие се дел од Националната класификација на дејности како земјоделаство, шумарство и рибарство, објекти за сместување, и сервисни дејности за храна, дејности на домаќинство, а опфанет со ова предлог решение е и градежниот сектор.

Целиот текст прочитајте го на линкот: denar.mk

 
 
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more