Vrabotuvanje.com - Ќе остане ли утре Скопје повторно без јавен превоз?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ќе остане ли утре Скопје повторно без јавен превоз?

Скопје утре може повторно да остане без јавен превоз.

Ќе остане ли утре Скопје повторно без јавен превоз?

Скопје утре може повторно да остане без јавен превоз. Од синдикатот во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, за утре најавија дека автобусите на ЈСП нема да возат, бидејќи не добиле плата за декември, но бараат и редовна исплата на платите за 2024 година. 

Во синдикатот се разгледува можноста за пуштање во сообраќај по еден автобус на сите линии за превоз на основците и средношколците, бидејќи од утре почнува второто полугодие. 

За утре е закажана седница на Советот на Град Скопје, на која како единствена точка на дневен ред, треба да се гласа за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието.

Извор: 24.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more