Vrabotuvanje.com - Грешка на аеродромските служби со патници од Македонија предизвика хаос на аеродромот „Никола Тесла“
Share
Tweet
Share
Send to friend

Грешка на аеродромските служби со патници од Македонија предизвика хаос на аеродромот „Никола Тесла“

МВР на Србија попладнево нареди вонреден преглед на терминалот за поаѓање на белградскиот аеродром Никола Тесла. До ова дојде откако претходно бил направен пропуст во следењето на редовните текови на влезните патници од страна на надлежните служби на белградскиот аеродром.

Грешка на аеродромските служби со патници од Македонија предизвика хаос на аеродромот „Никола Тесла“

На дел од патниците им било кажано дека ќе мора да ја напуштат зградата и уште еднаш да поминат низ безбедносната контрола што веќе ја поминале, а тоа пак било причина за паника дека може да предизвика доцнење на летот и застој во воздушниот сообраќај на белградскиот аеродром.

Проблемот во безбедносната контрола на аеродромот настанал, наводно, кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобус, кој по грешка ги однел на погрешна локација за излез.

Поради настанатиот проблен се очекува некои летови во утринскиот бран да доцнат и до два часа.

Надлежните служби на Ер Србија во соработка со службите на компанијата белградски аеродром преземаат сѐ што е во нивна моќ сообраќајот да се одвива со што помалку отстапувања од планираниот распоред на летови.

Од националната компанија посочуваат дека жалат за секоја непријатност и им се заблагодаруваат на патниците за разбирањето.


Извор: telma.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more