Vrabotuvanje.com - УЈП со важно соопштение за апликацијата МојДДВ
Share
Tweet
Share
Send to friend

УЈП со важно соопштение за апликацијата МојДДВ

УЈП со важно соопштение за апликацијата МојДДВ

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од 26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници.

Поради вршење на оваа надградба и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more