Vrabotuvanje.com - Околу 24.000 Македонци можно е принудно да се вратат дома поради пасошите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Околу 24.000 Македонци можно е принудно да се вратат дома поради пасошите

Илјадници млади луѓе, вработени во странство, би можеле принудно да се вратата во земјата затоа што не им се променети пасошите.

Околу 24.000 Македонци можно е принудно да се вратат дома поради пасошите

Овие патни документи стануваат неважечки по 12 февруари, доколку не се променети согласно Преспанскиот договор, а Агенциите за посредување за работа во странство за „Телма“ тврдат дека, според нивни сознанија, 24.000 нашинци треба да се вратат и да ги прекинат работните ангажмани.

Од 2021 се издаваат пасоши преку дипломатско-конзуларни претставништа, каде се издадени преку 50.000 патни документни. МВР и МНР отворија девет базни станици и шест мобилни станици за пасоши за нашите емигранти.

Засега нашинците одговори бараат по фејсбук групите и неизвесно е како ќе се снаоѓаат.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more