Vrabotuvanje.com - Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот, еве кој е милијардерот кој го престигна
Share
Tweet
Share
Send to friend

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот, еве кој е милијардерот кој го престигна

Бернард Арно е шеф на конгломератот на луксузниот бренд LVMH, а богатството на неговото семејство порасна за 23,6 милијарди долари. Со 207,8 милијарди го претекна Маск.

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот, еве кој е милијардерот кој го престигна

Францускиот милијардер Бернард Арно го надмина Илон Маск на листата на најбогати луѓе во светот, објави во понеделникот Форбс.

Арно е шеф на конгломератот на луксузниот бренд LVMH, а богатството на неговото семејство порасна за 23,6 милијарди долари. Со 207,8 милијарди го престигна Маск на второто место, кој вреди 204,5 милијарди. 74-годишниот Арно има пет деца, сите работат во LVMH, а неодамна именуваше два сина во управниот одбор, а две од неговите деца веќе беа во одборот.

Инаку, Форбс сега во реално време ја коригира листата на милијардери, а бидејќи компанијата на Маск Тесла падна за 13 отсто во четвртокот, вредноста на Маск падна за 18 милијарди долари.

Форбс пишува дека акциите на LVMH забележаа голем скок во петокот, а капитализацијата на LVMH достигна 388,8 милијарди долари. Тесла од друга страна вреди 586,14 милијарди.

Пред три години LVMH ја купи Тифани за речиси 16 милијарди долари, што е најголема аквизиција на луксузен бренд.

Извор: denar.mk
 
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more