Vrabotuvanje.com - ТВРДАТ ДЕКА Е ЗДРАВО: Во Италија е отворена фабрика за брашно од инсекти
Share
Tweet
Share
Send to friend

ТВРДАТ ДЕКА Е ЗДРАВО: Во Италија е отворена фабрика за брашно од инсекти

ТВРДАТ ДЕКА Е ЗДРАВО: Во Италија е отворена фабрика за брашно од инсекти

Првата фабрика за производство на брашно од инсекти е основана во Италија. 

Таа е отворена во регионот Марке во централниот дел од државата, и покрај противењето на министерот за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида.

Хосе Франческо Џани, извршен директор на Nutrinsect, за државната агенција АНСА изјави дека со ова „се отвора ново поглавје во историјата на прехранбената индустрија“.

Тој го покани и Лолобриџида, која се залага за забрана на брашно од инсекти во Италија, „да дојде и самиот да се увери колку е тоа здраво и хранливо“.

Во Службениот весник од 29 декември е објавено правило кое дозволува брашно направено од штурци, ларви од Tenebrio molitor (брашнаст црв) и ларвите на сјајната црна пченична мувла (Alphitobius diaperinus) во Италија.

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more