Vrabotuvanje.com - Станете дел од Вработување.ком и работете за Финската компанија Алма Кариер
Share
Tweet
Share
Send to friend

Станете дел од Вработување.ком и работете за Финската компанија Алма Кариер

Станете дел од Вработување.ком и работете за Финската компанија Алма Кариер

Драги работобаратели, чест и задоволство ни е да ве поканиме да аплицирате на нашиот отворен оглас за Веб администратор. Огласот го објавуваме заради зголемениот обем на работа и потребата од брза и квалитетна испорака на услугите на нашите клиенти.

Веројатно нè познаваш, ние сме Вработување.ком, првиот сајт за понуда на работни места во Македонија кој од Октомври и официјално е дел од најголемата групација на сајтови за вработување Алма Кариер.

Станува збор за Финска компанија а нашите колеги се наоѓаат во Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Полска, Србија, Словачка и Словенија.

Ние сме едно големо европско семејство кое работи за иста цел да им помогне на компаниите да дојдат до што поквалитетен кадар на на работобарателите до што добро работно место.

Која ќе биде твојата задача?

  • Креирање и поставување на огласите од клиентите на нашиот сајт.
  • Ние веќе имаме готови шаблони за огласи но ако си дизајнерски расположен може и сам/а да ги креираш.
  • Целта е со огласот да привлечеме што повеќе апликанти.

Канцеларијата ни е во Капиштец веднаш до Беверли Хилс, ако доаѓаш со автобус имаме автобуска близу канцеларијата, а ако доаѓаш со автомобил, мотор и тротинет имаме и паркинг.

Нам ни треба чесен, лојален и човек од доверба кој има брзи прсти и желба за напредок и учење.

Деталите ти се тука....

Те чекаме 

Веб Администратор
линк за повеќе детали и аплицирање

Во прилог, неколку фотографии од нашите дружби и нашиот тим:

No alternative text description for this image

Нивните вработени одлучија: Прогласени Најдобрите работодавачи

No alternative text description for this image

26317

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more