Vrabotuvanje.com - Горивата повторно ќе поевтинат
Share
Tweet
Share
Send to friend

Горивата повторно ќе поевтинат

И покрај благиот раст на цените во последните неколку дена, нафтата и натаму е на ниво кое ни гарантира ново намалување на цените, идниот понеделник, на 26 ноември кога регулаторот ќе ја прави новата корекција

Горивата повторно ќе поевтинат

Во моментов барел нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 67,05 долари, што е за околу 5 долари поевтино од просечната цена врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот ги формираше малопродажните цени.

Најниска цената беше во вторникот, кога за само еден ден се спушти за цели 5 долари по барел до нивото од 65,5 долари.

Од среда до денеска нафтата поскапи за околу 2 долари, што и натаму е цена под просекот, која гарантира пониски цени во малопродажба.

Во понеделникот сведочевме на едно од најголемите намалување на малопродажните цени во последните години. Дизелот поевтини за 3 а бензините за 4 односно 4,5 денари.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more