Vrabotuvanje.com - Се празни уште една држава од соседството: Дури 74 села се без жители
Share
Tweet
Share
Send to friend

Се празни уште една држава од соседството: Дури 74 села се без жители

Се празни уште една држава од соседството: Дури 74 села се без жители

Во 74 села во Црна Гора повеќе никој не живее, а 304 села имаат 10 или помалку жители, покажуваат податоците на Заводот за статистика Монстат од пописот завршен во декември.

Во претходниот попис од 2011 година имало 120 села со 10 или помалку жители, од кои 43 немале постојани жители.

Според податоците на Монстат поголемиот број од напуштените села се на територијата на Цетиње – 16 се ненаселени, а 42 села имаат од еден до десет жители.

извор: press24.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more