Vrabotuvanje.com - Имате низок крвен притисок? Ова се симптомите кои не треба да ги игнорирате
Share
Tweet
Share
Send to friend

Имате низок крвен притисок? Ова се симптомите кои не треба да ги игнорирате

Имате низок крвен притисок? Ова се симптомите кои не треба да ги игнорирате

Обично многу се зборува за висок крвен притисок, но често ги игнорираме проблемите предизвикани од нискиот крвен притисок.

Нискиот крвен притисок не е воопшто лесен за луѓето кои го имаат овој проблем. Нормалните вредности се 120/80, така што низок притисок е оној кој, наместо 120, е 90 или помалку.

Се разбира, нискиот притисок не е секогаш причина за загриженост, има луѓе кои се навикнати на такви вредности, но драстичното и нагло опаѓање може да биде знак за нешто друго.

Ако почувствувате вртоглавица, несвестица, замор, гадење, главоболка, заматен вид или брзо и плитко дишење, треба да го проверите крвниот притисок.

Она што можете да го направите за себе за да спречите или да си помогнете од низок крвен притисок е да пиете повеќе вода и да додадете натриум во вашата исхрана. Познато е дека дехидрацијата доведува до намалување на притисокот, така што дневниот внес на вода кај жените би бил околу 2,7 литри, а кај мажите 3,7.

Не треба да претерувате со натриум и дефинитивно треба да се консултирате со лекар, но не треба целосно да го исфрлите од исхраната.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more