Vrabotuvanje.com - Просечната нето плата во Македонија порасна за 125 денари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Просечната нето плата во Македонија порасна за 125 денари

Просечната нето плата во Македонија порасна за 125 денари

Просечната нето плата во септември 2018 година изнесува 24.355 денари и бележи раст во однос на септември 2017 од 4,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен за 21,9 отсто, информации и комуникации за 15,2 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите дејности на здравствена и социјална заштита за 4 отсто, образование за 2,4 отсто и други услужни дејности  за 1,5 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2018 изнесува 35.794 денари.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more