Vrabotuvanje.com - Холанѓанец преживеа речиси 40 години со донаторско срце, соборен е Гинисовиот рекорд
Share
Tweet
Share
Send to friend

Холанѓанец преживеа речиси 40 години со донаторско срце, соборен е Гинисовиот рекорд

Берт Јенсен (57) од Холандија преживеа речиси 40 години со донаторско срце што го доби во болницата „Харфилд“ во Укбриџ, северозападен Лондон, во 80-тите, што го прави Гинисов рекордер за најдолго преживеан пациент со трансплантација на срце.

Холанѓанец преживеа речиси 40 години со донаторско срце, соборен е Гинисовиот рекорд

Таткото на две деца и пилот на едрилица изјави дека е голема е неговата чест што го достигнал рекордот, но и дека сѐ уште е благодарен за неверојатниот подарок, што го добил од донаторот, пренесува Би-би-си.

„Никогаш не замислував дека ќе стигнам толку далеку“, рече Џенсен додавајќи дека поставил репер за другите, кои сега имаат доказ дека е можно да се живее долго со донорско срце.

Извор: makfax.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more