Vrabotuvanje.com - Брашното замрзнато, а бурекот жежок – ќе се врати ли старата цена на белите печива?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Брашното замрзнато, а бурекот жежок – ќе се врати ли старата цена на белите печива?

Брашното замрзнато, а бурекот жежок – ќе се врати ли старата цена на белите печива?

Многу граѓани во Скопје изразуваат недоволство поради високите цени на бурекот и на белите печива.

Иако цената на брашното веќе некое време е замрзната, рестораните и бурекчилниците не се решиле да ја рефлектираат оваа промена на своите цени.

53-годишниот Стојан Димишков од скопската населба Влае, кој работи како ѕидар и кој секој ден со својата екипа работи на градежни објекти, изразува незадоволство:

„За нас работниците, бурекот и белите печива се основен дел од дневниот оброк. Но, цените се непропорционално високи. Секој ден трошиме огромни пари за појадок од бурекчилниците, а тоа влијае на нашите финансии“, се жали нашиот соговорник.

Иако брашното е една од основните состојки на бурекот и печивата, рестораните и продавниците не се прилагодиле на новите услови.

Граѓаните се надеваат дека оваа ситуација ќе биде преиспитана и дека цените ќе се стабилизираат.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more