Vrabotuvanje.com - Oд среда, без нова возачка дозвола, исто како да ја немате
Share
Tweet
Share
Send to friend

Oд среда, без нова возачка дозвола, исто како да ја немате

Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Oд среда, без нова возачка дозвола, исто како да ја немате

Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.

Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more