Vrabotuvanje.com - Возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината
Share
Tweet
Share
Send to friend

Возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината

Возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината

Возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината

На полноќ истече рокот од одредбата од Договорот од Преспа за валидноста на исправите и документите за меѓународна употреба, но Собранието со итни законски измени овозможи возачките со „Република Македонија“ ќе може да се заменат до крајот на годинава.

Собранието вчера попладнето, со 110 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината. Согласно измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.

Извор: alsat.mk

 
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more