Vrabotuvanje.com - Ако досега не одевме на одмор во Бугарија, отсега сигурно нема да одиме – новите цени на плажите ги одвраќаат туристите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ако досега не одевме на одмор во Бугарија, отсега сигурно нема да одиме – новите цени на плажите ги одвраќаат туристите

Ако досега не одевме на одмор во Бугарија, отсега сигурно нема да одиме – новите цени на плажите ги одвраќаат туристите

Со пристигнувањето на топлите денови, туристите се подготвуваат за летување и веќе почнуваат да размислуваат на кои плажи да ги поминат своите денови за одмор.

Оние коишто планираат да летуваат во Бугарија, на пример, тамошните плажи можат да ги испразнат нивните паричници.

Зошто? Бугарските власти планираат да ги зголемат цените на туристичките услуги, а тоа може прилично силно да се одрази врз буџетите на туристите.

Според информациите објавени во бугарските медиуми, индексот на инфлација во Бугарија се зголемил за 25% во последните две години.

Ова значи дека концесионерите на морските плажи ќе плаќаат поголеми давачки, а ова влијае и на цените на услугите кои ги нудат.

Денар на оваа тема разговараше со туристички работник од Скопје, кој накратко ни објасни како стојат работите со бугарските плажи.

Тој ги советува Македонците кои планираат летување во Бугарија да си понесат чадори и лежалки од дома, бидејќи, како што вели, цените на чадорите и лежалките на бугарските плажи може да бидат значително поскапени.

„Ова е резултат на зголемените давачки на концесионерите кои се пренесуваат на крајните потрошувачи. Иако Бугарија е популарна дестинација за многу Македонци, оваа година може да биде предизвик за буџетите на туристите. Затоа, ако планирате летување на бугарските плажи, не заборавајте да си понесете чадори и лежалки од дома, за да избегнете неочекувани трошоци“, порача нашиот соговорник.

Целиот текст можете да го прочитате на denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more