Vrabotuvanje.com - Дрекслмајер донираше специјално возило за лицата со посебни потреби во Куманово
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дрекслмајер донираше специјално возило за лицата со посебни потреби во Куманово

Компанијата во континуитет, преку бројни проекти ја поддржува оваа ранлива категорија граѓани.

Дрекслмајер донираше специјално возило за лицата со посебни потреби во Куманово

Куманово доби специјално транспортно возило наменето за лицата со посебни потреби како поддршка од Дрекслмајер. Целта е на оваа категорија граѓани да им се овозможи поголема инклузивност и подобра социјализација во рамки на општественото живеење.

Возилото е специјално прилагодено, такашто во него е поставена автоматска рампа за инвалидска количка, а располага и со соодветно определен простор за транспорт на опремата за потребите на лицата со инвалидитет.

„Драго ни е што како компанија имаме можност да дадеме свој придонес за подобрување на благосостојбата и квалитетот на живот на лицата со телесна попреченост. Веруваме дека со донацијата на специјалното возило на оваа категорија граѓани ќе им биде овозможена поголема инклузивност во општествените процеси, но и дека ќе влијаеме на зголемувањето на свеста за потребите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Донираното возило општината ќе ги стави на располагање на сите здруженија за лица со посебни потреби во градот согласно нивните потреби, но ќе се грижи и за негово тековно одржување.

„Би сакал да искажам искрена благодарност до Дрекслмајер, бидејќи на иницијатива на компанијата, на лицата со специјални потреби во Куманово и околните населени места во рамки на општината ќе им се олесни секојдневното живеење“, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Дрексламјер, претходно донираше специјални возила наменети за лицата со посебни потреби во Кавадарци, Велес и Градско. Покрај тоа, компанијата го поддржа и целосното опремување на сензорна соба во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово кадешто под надзор на стручен кадар дечињата со телесен инвалидитет се соодветно вклучени во образовниот процес.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more