Vrabotuvanje.com - Каде спијат пилотите на комерцијални авиони за време на долг лет?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Каде спијат пилотите на комерцијални авиони за време на долг лет?

Пилотот Теводос Соломон објави видео на Instagram на кое покажува како изгледа неговото место за спиење во авион.

Каде спијат пилотите на комерцијални авиони за време на долг лет?

Во видеото кое собра 4,9 милиони прегледи, пилотот покажа како изгледа просторот зад пилотската кабина со ограничен пристап, кој е опремен со две седишта на навалување.

Камерата потоа се префрла на платформа во авионот со две тесни легла за спиење за кои многумина напишаа дека се клаустрофобични.

„Зарем тоа не е премногу тесно?“, праша еден, а друг додаде: „Едвај ги собира рамената.“

„Како е ова во ред за дежурните пилоти“, гласат првите два коментари поврзани со „леглото“ во авионот.

„Жал ми е што го видов ова, сега не сакам повеќе да се качам во авион“, коментираше трет инстаграмџија, а многумина беа изненадени од фактот што пилотите спијат во авионот.

„Зошто спијат за време на летот? Тие се платени да управуваат со авионот“ и „Ова ми ја зголемува анксиозноста“ се дел од коментарите на видеото на пилотот.

Инаку, овие специјални кабини за спиење се достапни само на летови кои траат подолго од седум часа, а на долгите летови се присутни тројца до четворица пилоти.

Извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more