Vrabotuvanje.com - Со пасош без „Северна“ да може да се летува во Турција, Египет, Тунис?!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Со пасош без „Северна“ да може да се летува во Турција, Египет, Тунис?!

Проблемот со пасошите може сериозно да се одрази врз прометот на туристичките агенции.

Со пасош без „Северна“ да може да се летува во Турција, Египет, Тунис?!

Тие стравуваат дека ќе им се случи реприза на пандемијата, кога се откажуваа голем дел од аранжманите, а клиентите бараа враќање на парите. Туроператорите што имаат сопствен закуп во Грција, велат дека веќе платиле аванси и аконтации, а не можат да си ги вратат парите назад. Поради тоа, тие апелираат до надлежните да се најде некое решение и за проблемот со пасошите, како што се направи со возачките и со сообраќајните дозволи, кои продолжија да важат до крајот на годинава.

Едно од решенијата што го нудат е да важат пасошите барем во оние држави што се подготвени да прифатат наши туристи со стари пасоши. Од туристичките агенции велат дека граѓаните повеќе не можат да излезат од државата доколку не поседуваат пасош со Северна Македонија, поради тоа не букираат одмори и не вршат уплати, бидејќи парите не се враќаат назад.

– Предлагаме да се најде некое решение и за проблемот со пасошите, како што се направи со возачките и со сообраќајните дозволи, кои продолжија да важат до крајот на годинава. Ние предлагаме да важат пасошите барем во оние држави што се подготвени да прифатат наши туристи со стари пасоши. Ако Турција, Египет, Тунис ги прифаќаат старите пасоши, зошто тогаш да не отидат македонските туристи таму на летување? И во времето на короната имаше различни ставови за ист проблем, некаде примаа само со сертификат, некаде само со прележан ковид… Зошто и сега да не се најде некое заедничко решение? – додава Пешевски.

Целиот текст прочитајте го на: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more