Vrabotuvanje.com - Зошто треба да бидеме сериозни за фотографирање за лични документи?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Зошто треба да бидеме сериозни за фотографирање за лични документи?

Кога се фотографираме за приватни цели, обично се насмевнуваме за да изгледаме поубаво. Но, дали знаете зошто е забрането насмевката на фотографиите од пасошот?

Зошто треба да бидеме сериозни за фотографирање за лични документи?

Чипот во пасошот содржи биометриски податоци за вас, кои се добиени од фотографијата. Таа фотографија се скенира, пресметувајќи го растојанието помеѓу очите, врвот на носот и брадата, за да се добие математичка „мапа“ или алгоритам на лицето.

Сè што може да го наруши или спречи пресметувањето на тие мерки – како носење очила или широка насмевка, ја намалува ефикасноста на алгоритмот, пишува Курир.рс.

Кога поминувате низ е-портата на аеродромите, камерата го скенира вашето лице и ги прави своите пресметки за мерењата на лицето. Потоа компјутерот проверува дали мерките на вашето лице се совпаѓаат со оние на фотографијата во пасошот.

Ако мерењата на лицето на скенерот на аеродромот и во пасошот не се совпаѓаат, тогаш сте во голема неволја.

Извор: centar.mk

 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more