Vrabotuvanje.com - Просечната нето-плата за декември е 39.998 денари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Просечната нето-плата за декември е 39.998 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39.998 денари

Просечната нето-плата за декември е 39.998 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39 998 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 60 036 денари.
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more