Vrabotuvanje.com - Балканските пасоши во 2024: Грчкиот најсилен, косовскиот најслаб
Share
Tweet
Share
Send to friend

Балканските пасоши во 2024: Грчкиот најсилен, косовскиот најслаб

Силината на пасошите на државите од Балканскиот Полуостров е рангирана според VisaGuide Passport Index во најновото рангирање за февруари 2024 година.

Балканските пасоши во 2024: Грчкиот најсилен, косовскиот најслаб

Според силината, најдобро стои пасошот на Грција кој е на 21. место во светот, а со тоа и прв на Балканот.

Следуваат пасошите на Хрватска и Словенија, 24. и 25-ти во светот.

Потоа се оние на Романија на 36. место и на Бугарија на 40-тото.

Голема разлика има во однос на оние држави што не се членки на Европската Унија. Нив ги предводи Србија на 65. место, Црна Гора на 75-тото, Македонија на 78. место, Албанија на 81. и Босна и Херцеговина на 82. место.

Убедливо најслабо рангиран балкански пасош е оној на Косово, кој е на 98. место во светот.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more